Свет

Рускиот премиер Мишутин : Не можеме да го исклучиме најлошото сценарио

На должность премьер-министра предложен глава Федеральной ...

Премиерот на Русија Михаил Мишутин изјави дека ситуацијата со коронавирусот во Русија, сè уште може да се развие во најлошото сценарио и дека епидемијата сè уште не го достигнала врвот.

– Јасно е дека врвот на инфекцијата сè уште не поминал и не можеме да ја отфрлиме можноста ситуацијата да се претвори во најтешкотот сценарио – рече Мишутин

Според официјалните податоци, бројот на случаи на инфекција во Русија се зголемил за 601 во претходните 24 часа, достигнувајќи 4.149 во 78 региони. Закрепнале 281 пациенти, а 34 починале, соопшти антивирусниот кризен центар.

Московската агенција за транспорт објави дека околу 850.000 луѓе го напуштиле главниот град минатиот викенд, пред да се наметнат ограничувањата на граѓаните. Има драматичен пад на бројот на автомобили и пешаци на улиците од моментот кога мерките за изолација стапија во сила на 30 март.

Related posts

Leave a Comment