Свет

Руските ветерани побараа побараа од Путин да ја одложи воената парада закажана за 9ти Мај

Путин ќе пушти бонуси за воени ветерани од пред 75 години | Off

Москва –  Руските ветерани од Втората светска војна денес побараа од претседателот Владимир Путин да ја одложи воената парада закажана за 9 мај.

Тие тоа го побараа поради пандемијата на коронавирус.

Во писмо е побарано од Владимир Путин да ја донесе „оваа тешка, но праведна одлука“, објавија руските агенции.

„Ве молиме да  организирате воена парада на друг датум кога, во согласност со епидемиолошката состојба, парадата нема да биде закана, туку вистинско славење на мирот и безбедноста за сите свои учесници“, наведоа  воените ветерани.

Кремљ сè уште не ја откажа воената парада на 9 мај, а голем број странски официјални претставници го потврдија своето присуство пред почетокот на пандемијата

Related posts

Leave a Comment