Свет

Руските сили влегоа во Херсон

КИЕВ – Руските сили влегоа во градот Херсон на југот на Украина, соопшти вечерва украинското Министерство за внатрешни работи.

Советникот на ресорниот министер Вадим Денисенко во телевизиско обраќање изјави дека украинската страна се уште ја контролира зградата на градската управа, пренесува Гардијан.

Претходно денеска советникот на началникот на кабинетот на претседателот на Украина Алексеј Арестович изјави дека најжестоките борби се водат во Херсон и Харков.

Related posts

Leave a Comment