Свет

Руските Сухои принудија Ф-18 на НАТО да се оддалечи од авионот на Сергеј Шојгу над Балтичко Море

 

Авион од типот Ф-18 на НАТО се обиде да се приближи до авионот на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу над меѓународните води на Балтичкото Море и ги присили руские авиони  „Сухои-27“ да интервенираат јави дописникот на ТАСС од авионот на рускиот министер за одбрана.

Авионот на Шојгу беше на пат од Калининград кон Москва со придружба на два авиони Сухои-27- од Балтичката флота. Ф-18 на НАТО се обиде да му пристапи над меѓународните води на Балтичкото Море, но руските борци го принудија авионот да се оддалечи.Во Калининград, Шојгу присуствуваше на церемонијата на поставување камен темелник за идниот огранок на поморската академија Нахимов.

Related posts

Leave a Comment