Свет

РУСКИ ДРОН КАМИКАЗА ДИРЕКТНО ПОГОДИ УКРАИНСКИ БРОД (ВИДЕО)

Во морето од снимки од акциите на руските беспилотни летала камикази има и такви каде нивна  цел се преостанатите бродови на украинската морнарица.
На снимката се гледа како дронот камиказа Лансет удира во украински брод некаде во близина на Одеса.

На почетокот на годината Русија го тестираше Лансет 3 во Сирија, уништувајќи неколку упоришта на терористите.

Компанијата „ZALA Lancet“ разви полесна и потешка варијанта на ова високо прецизно и исклучително опасно оружје.

„Лансет-1“ спаѓа во категоријата на лесни беспилотни авиони кои ќе имаат можност да носат минијатурни боеви глави со тежина од 0,7-1,0 килограми, додека на пример „Лансет-3“ ќе биде малку потежок и ќе може да носи боева глава двојно повеќе голема. Благодарение на аеродинамичниот облик на леталото ќе има зголемена моќ за маневрирање како и стабилност при слетување на целта, со што се постигнуваат максимални резултати кога се работи за избор на цели и прецизност на самото дејство.Тоа е исклучително евтино оружје, кое може да постигне максимална брзина од 80-130 km/h, и да ја погоди целта на растојание до 40 km.

Нивната „интелектуална“ способност овозможува напади во поголеми групи-роеви.

 

 

 

 

Related posts

Leave a Comment