Свет

РУСКИ ЕПИДЕМИОЛОГ : Уште во 2015 година Кинезите и Американците опасно си играле со коронавирусот

Glavni sanitarni inspektor Rusije, Oniščenko: Ovo je jedini način ...

Поранешниот главен епидемиолог на Русија – Генадиј Онишченко, сега пратеник во Државната дума – рече дека кинеските научници се занимаваат со коронавирусот уште од 2013 година.

Тој укажа дека во 2015 година се појавила студија за постанокот на коронавирус сличен на  САРС – во соработка на експерти од Кина и Северна Каролина (САД). Тој наведе дека во студијата пишува дека вештачки е создаден вирус  опасен по луѓетокој може директно да се пренесува и не може да се лекува.

Тој додаде дека во март 2019 година, професор кој го открил вирусот кај лилјаци ги опишал своите откритија за опасноста од коронавируотс во јавно достапно медицинско научно списание.

Затоа, Онишченко го поставува прашањето до здравствените системи на развиените земји : ако заканата од САРС-КОВИД била опишана уште на почетокот на минатата година – зошто не ги проценивте ризиците заразување со нив?

Онишченко оди и подалеку и потенцира :

„Се наметнуваат прашања и за Американците. Зошто не ги запревте вашите експанзивни програми? Зошто не не ја пријавивте употребата на антракс во 2001 година, кога вашите специјални служби го користеа против граѓаните на вашата земја? “

Пред два дена, Онишченко иницираше група на независни, признати меѓународни експерти за проценка на постанокот на епидемијата и обвинението против Кина.

Related posts

Leave a Comment