Свет

Руски новинари уапсени за време на изборите во Белорусија

Belarus: Police arrest activists, journalists ahead of vote | News ...\

Двајца новинари и снимател на руската телевизија Дожд се уапсени денеска во Минск, каде се одржуваат изборите за претседател на Белорусија, објави таа телевизија.

Уапсени се новинарите на ТВ Дожд, Владимир Роменски и Василиј Полонски, како и снимателот Николај Антипов, јавува Тасс.

„Луѓе со цивилна облека и со маски на лицето ги принудија да легнат на земја, а потоа ги однесоа во непознат правец“, се вели во соопштението.

Според претставникот на седиштето на нерегистрираниот кандидат Виктор Бабарик, сојузник на кандидатот Светлана Тихановска, новинарите биле уапсени откако разговарале со неа на улица.

ТВ Дожд посочува дека испратила акредитации за своите новинари уште во јуни и дека тие работеле во Минск, чекајќи на потврда од белоруските власти.

Related posts

Leave a Comment