Свет

САД гневна на германците! Американскиот амбасадор во Берлин: Тоа што не споредувате со Кина е навреда!

Американскиот амбасадор во Берлин Ричард Гренел денеска ја критикуваше германската влада за навреда на САД во дебатата околу евентуалното учество на Кина во изградбата на 5G мобилна мрежа во Германија

Гренел остро реагираше на изјавата на министерот за економија Питер Алтмајер, кој направи паралела меѓу Кина и САД вчера во една емисија.

Алтмајер рече дека по скандалот со прислушувањето во кој американската тајна служба на НСА ги шпионирала германските политичари, германската влада не дискутирала за бојкот на американските технолошки фирми.

„ Најновите изјави на високите претставници на  германските власти дека САД можат да се споредат со Комунистичката партија на Кина се навреда за илјадниците американски трупи кои придонеле за гарантирање на безбедноста на Германија, како и на милиони Американци кои се залагаат за силна западна алијанса “, рече Гренел. .

Покрај тоа, тој верува,дека овие изјави исто така навредуваат милиони Кинези „на кои им се негираат основните слободи и кои се неправедно уапсени од Комунистичката партија на Кина“.Соединетите држави веќе подолго време вршат притисок врз Германија и другите европски земји да ја спречат кинеската технолошка група Хуавеи да изгради нова генерација на дигитална комуникациска технологија, пренесува Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.

Една од заканите е дека со овој случај, соработката на тајните служби и размената на информации, вклучително и за можните терористички активности, би била ограничена, додаде весникот.

Во меѓувреме, Алтмајер повторно се огласи, кој, кога беше запрашан од веб-страницата Политико на маргините на конференцијата за технологија во Берлин, рече дека е „многу вознемирен“ за, како што рече, погрешното толкување на неговата изјава.

– Во никој случај не ги ставам земјите што не го почитуваат владеењето на правото на исто ниво како демократиите што го почитуваат владеењето на правото, како што се САД. Напротив рече Алтмајер.

Related posts

Leave a Comment