Свет

САД имаат право да и понудат на Данска да го продаде Гренланд, вели руското министерство за надворешни работи

 

Портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова го изрази своето изненадување во врска со изјавите на данското кралско семејство, нагласувајќи дека жителите на Гренланд мора да одлучат за судбината на островот

 

 САД имаат право да и понудат на Данска да го продаде Гренланд, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова за време на брифингот во средата како одговор на соодветното прашање.

„Тие се две суверени држави. Тие можат да праќаат различни понуди едни на други, да реагираат на нив, да ги отфрлат, да донесат соодветни одлуки. Тоа е нивно право“, рече таа.

Захарова исто така изрази изненадување во врска со изјавите на данското кралско семејство, нагласувајќи дека жителите на Гренланд мора да одлучат за судбината на островот. „Имам само едно прашање: зошто не слушнавме иста работа пред околу пет години (во врска со Крим )?“ праша Захарова.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави  на 19 август дека неговата земја е заинтересирана за купување на Гренланд, автономен регион на Кралството Данска. Според неговите зборови, станува збор за „голем договор со недвижнини“. Властите на Гренланд и Данска, пак, рекоа дека Гренланд е заинтересиран за соработка со Соединетите држави и нема да биде предмет на продажба. Подоцна, Трамп ги одложи средбите со данскиот премиер Мет Фредериксен закажани за почетокот на септември поради одбивањето да разговара за таа тема.

Related posts

Leave a Comment