Свет

САД ја повикаа Кина да го искористи влијанието на Москва: Нападот врз Украина би бил голем удар за светската економија

Викторија Нуланд: Обединети сме во давањето приоритет на дипломатијата

Продолжуваме со интензивни и јасни разговори со нашите германски сојузници и сакам денеска јасно да ви кажам: Ако Русија ја нападне Украина на еден или друг начин, Северен тек 2 нема да оди понатаму, изјави Викторија Нуланд.

Кина треба да го искористи своето „влијание“ врз Русија и да ја одврати од напад на Украина , изјави вечерва заменик-државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, повторувајќи дека гасоводот „Северен тек 2“ нема да биде оперативен доколку Русија ја нападне Украина.

Таа го повика Пекинг да ја „убеди“ Москва на дипломатија
Нуланд го повика Пекинг да го искористи своето влијание врз Москва и да ја „убеди“ на дипломатија, бидејќи доколку дојде до конфликт во Украина, таа рече дека тоа нема да биде добро ниту за Кина.

– Тоа би било голем удар за светската економија и енергетскиот сектор – додаде Нуланд за Кина, која јавно даде поддршка за „разумната загриженост“ на Москва.

Соединетите Држави денеска соопштија дека се уверени оти спорниот гасовод Северен тек 2, кој ја поврзува Русија со Германија, нема да биде пуштен во употреба доколку Москва ја нападне Украина.

– Продолжуваме со интензивни и јасни разговори со нашите германски сојузници и сакам денеска јасно да ви кажам: Ако Русија на овој или оној начин ја нападне Украина, „Северен тек 2“ нема да оди понатаму – рече Нуланд.

Изјавите од Берлин се многу силни
Врз основа на договорот што го постигна со Вашингтон летово за гасоводот, кој Американците не го сакаа, а сега е завршен, Берлин посочи дека неговата иднина ќе биде доведена во прашање во случај на руски напад врз Украина. Но, германската влада не отиде толку далеку што јасно потврди дека нема да биде пуштена во употреба.

– Во моментов работиме на пакет силни санкции „со западните сојузници во случај на руска инвазија, што вклучува голем број аспекти, вклучувајќи го и Северен тек 2“, изјави претходно денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.

– Мислам дека изјавите што се слушаа во Берлин, па и денеска се многу, многу силни – реагираше Нуланд, додавајќи:

– Ќе соработуваме со Германија за да бидеме сигурни дека гасоводот нема да оди понатаму.

Таа исто така изрази надеж дека Русија ќе ја проучи понудата на САД и ќе се врати на преговарачка маса.

– Обединети сме во давањето приоритет на дипломатијата. Но, ние сме подеднакво обединети во определбата дека ако Москва ја одбие нашата понуда за дијалог, цената што ќе ја плати ќе биде брза и остра – рече Нуланд, пренесува Ројтерс.

Related posts

Leave a Comment