Свет

САД ја притискаат Германија да испрати копнени трупи за да ги заменат американските сили во Сирија

 

 

Специјалниот претставник на САД за  Сирија, Џејмс Џефри, беше во Берлин на 5-ти јули, во обид да ги извлече заложбите за воена и финансиска поддршка од германската влада, додека Вашингтон го забрзува притисокот врз Берлин, со цел да ја прошири својата мисија во Сирија.

Американскиот дипломат Џејмс Џефри  официјално побара од Германија да испрати војници во Сирија за да помогне во борбата против терористичката група Даеш , тврдејќи дека сојузниците треба да обезбедат техничка поддршка за опозицијата предводена од Курдите.

Во интервју за германската новинска агенција ДПА и неделниот весник Велт ам Сонтаг, специјалниот претставник на САД за  Сирија побара од Германија да испрати воени обучувачи, логистички специјалисти и техничари, да им помогнат на курдските сириски демократски сили (СДФ) кои се борат против Даеш.

“Ние сакаме копнени трупи од Германија делумно да ги заменат нашите војници”, рече Џефри, додавајќи дека се надева дека ќе добие одговор од германската влада овој месец.

“Подобро е да се натера ИС [Даеш] назад ,со локални сириски сили, но одредено меѓународно присуство е потребно за да се обезбеди воздушна поддршка, за логистика, обука и техничка помош.

“Се надеваме дека Германците ќе можат да направат повеќе”, рече Џефри. “Јас сум оптимист. Некои сојузници ќе распоредат копнени сили, сигурен сум во тоа. “

Со посетата на Берлин во петокот, Џејмс Џефри, наводно, сакал да добие ветувања за воена и финансиска поддршка од германската влада, како и од други коалициски партнери.

Без да побара одреден број војници, Џефри истакна дека копнените сили не мора да бидат директно ангажирани во борбите, но ќе треба да бидат способни да се одбранат, бидејќи воените дејствија не треба да се отфрлат.

Во моментов, коалицијата што се бори против Даеш опфаќа околу 80 земји, при што Германија придонесува со извиднички авиони, авиони за полнење гориво и воени тренери стационирани во Ирак.

Кога германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, го посети Ирак во јуни, тој изјави дека неговата земја ќе биде подготвена да ја продолжи мисијата по истекот на рокот од октомври, но според германскиот закон парламентот мора да ги одобри сите странски воени мисии.

Вашингтон го зголемува притисокот врз Берлин, барајќи да ја прошири својата антитерористичка мисија во Сирија. На барањата на САД им се спротивставува Социјалдемократската партија, членка на владејачката коалиција, која сака владата да го прекине својот ангажман во Сирија оваа година.

Во декември 2018 година,  Трамп изјави дека Даеш е поразен  и најави повлекување на 2.000 американски војници стационирани во североисточна Сирија.

Сепак, САД подоцна рекоа дека ќе остават контингент од 200 војници во земјата за патролирање во предложената тампон-зона во близина на границата со Турција. Вашингтон и Анкара се согласија дека зоната од 30 километри ќе биде создадена за да се одделат курдските и турските сили.

Related posts

Leave a Comment