Свет

САД ќе продолжат да увезуваат руски ураниум

САД се откажаа од руската нафта и гас, но не успеаја да го забранат увозот на руски ураниум. Американците не можат без нуклеарно гориво од Русија.

Забраната на американскиот претседател Џо Бајден за увоз на руска нафта, гас и други енергетски производи за САД, објавена во вторникот, не вклучува забрана за увоз на руски ураниум за нуклеарните централи, објави Ројтерс , повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.

Во САД се изградени околу 80 нуклеарни централи, од нив 60 работат со полн капацитет, а произведуваат 20 отсто од вкупната електрична енергија во земјата.

САД немаат сопствено производство на ураниум. Половина од нуклеарното гориво за американските нуклеарни централи доаѓа од Русија, Казахстан и Узбекистан.

Потсетуваме, американскиот претседател Џо Бајден на 8 март објави одлука за забрана за увоз на нафта и гас од Русија на домашниот пазар. ЕУ не го поддржа потегот на Вашингтон и ќе продолжи да купува руска енергија – нафта, гас, јаглен и нафтени деривати. Во исто време, Европската комисија претстави амбициозен план за нова енергетска политика, која треба да обезбеди Европската унија да престане со увоз на руска енергија до 2030 година.

Би рекле дека Русија има доволно време да го пренасочи европскиот сегмент од извозот на јаглеводороди на постојано жедниот азиски пазар. Руската нафта и гас, независни од другите азиски земји, може речиси целосно да бидат „проголтани“ од Кина (како што беше договорено на 4 февруари во Пекинг на состанокот на претседателите Кси Џинпинг и Владимир Путин и делегацијата на двете земји) – и независно да го зголеми долгорочниот кинески увоз на течен природен гас (LNG) од други земји, особено од САД и Катар. ЛНГ е првенствено наменет за крајбрежните провинции на Кина, додека рускиот, кој пристигнува на постоечките (и планирани, идни) гасоводи, треба да биде наменет првенствено за потребите на кинеските региони во внатрешноста.

Тоа очигледно ќе биде голема глобална енергетска трансформација или транзиција, која дефинитивно ќе вклучува обновливи извори на енергија. Но, традиционалните (нафта, гас, јаглен) уште долго ќе бидат незаменливи, за што сведочат актуелните случувања, особено на европско и американско тло – поврзани со недостатокот на енергија и нивните диви цени.

Related posts

Leave a Comment