Неколку часа пред почетокот на протестите на обединетата албанска опозиција, закажани за 20 часот во Тирана, пред владината зграда, како и пред парламентот и министерството за внатрешни работи полицијата постави метални огради со жица.
Се најавува дека за безбедноста ќе се грижат помеѓу 1.300 и 1.500 полицајци.
Во меѓувреме, почесниот претседател на опозициската Демократска партија и екс премиер на Албанија, Сали Бериша, најави „големо цунами“ од албанскиот народ против премиерот Еди Рама.
Извор : Алсат М