Колумни

САМО НАРОДНА СОБОРНОСТ ЌЕ ЈА СПАСИ НАШАТА РОДИНА – ЗОРАН КУРЉАН

 

 

СОБОРНОСТ- поим коj означува : слободно – духовно обединување на луѓето како во религиозниот , така и во секоjдневниот живот , комуникациjа низ : братство и љубов  и сострадание (како апогеjа во емотивниот развиток ).
Со зборот ,,соборна , светите Кирил и Методиjа , при преводот на 9-тиот член од ,, Симболите на верата ,, го протумачиле терминот ,, католичка ,, ( во смисла -Црква , како религиозна организациjа ).
 Концептот на , соборност ,  бил ,инспираптивна тема , на филозофите ( Салавjов , Бердаев , Трубецкоj, Булгаков …) ,заради можноста : преку заедничкото  ,хорско начело , во кое личноста не е потисната и депримирана , туку само лишена од егоизам , заради исполнување на максимата -социjална справедливост  и еднаквост во општеството на разните.
Скапиот   и , трагичен настан , во историjата познат како ,, Октомвриска Револуциjа ,, во годините што следеа , го искористи концептот на ,соборност , при градењето на комунистичко општество , ( совхози и колхози ) деградираjќи го до непрепознатливост…
Но , од друга страна , социjалната рамноправност експонирана низ лицата на здравствената заштита и образованието , доведе до тоа ; за ,,копеjќи ,, ги купуваа Американците  советските умови , над чиви што изуми  ( нерегистрирани ) се подигнаа од анонимност разни : -Микрософти , Гугли- Мугли , Епл- Мепл… а здравството беше способно да се носи со заболувањата и недугите на советскиот човек.
… Овоj концепт е стар колку што е старо и сеќавањето за функционирањето на Родовите Заедници , како основна клетка во пра-општествениот систем , каде учеството во политиките на Родот  било лично – непосредно.
     Сите Родови , без оглед на нивната броjност , избирале 10-тина од броjот на возрасни мажи во Родот . Ги избирале оние кои биле оценувни како наjзаслужни за процветот на Родот , зошто егоцентричноста и ,, тргаштвото ,, при изборот  на пратеници би имала висока цена , како што висока цена  има и актуелнава агониjа на Република Македониjа ,заради неправилниот избор на ,, наjдобрата десетина ,, .
И така , претставниците , од сите Родови jа избирале , десетината , коjа во Собранието ( Родовско , Бољарско , Народно… зависно од историските епохи )  ги застапувало интересите на целото општество во пра-државната форма на организирање.
Кривоклетство би било ако да се тврди : оваj концепт е своjствен  единствено во славjанската традициjа . Историските средновековни записи ( како славjански , така  ромеjски и француски ) забележуваат дека покраj Славjаните , на истите територии живееле и :  Викинзи ,Печенези , Хазари , турски  и туркменски племина , монголски номади , …  и  предците на останатите 189 народи , малцинства , етнички групи… кои сеуште живеат таму .
Македонците  по  ,срце и дух , кога законодавниот дом на Република Македонија го нарекле Собрание , ни оставиле аманетот , коj го гледаме секоjдневно ( последниве две години – пред ,Собранието, илjадници Македонци го искажуваа народното несогласување со одлуките и делувањата на антимакедонците, затворени ,  самоволно , и ,заплашени, со зелени мики маус банкноти , облечени во ликови од важни догми ) , скриен , на jавно место. Можеби од сите останати имиња : Парламент , Скупштина , и други странски – пафосни термини , тие го одбрале името  ,Собрание  , за да jа разбудат колективната мемориjа стара илjадници години .
Разделеноста – разединетоста , коjа како троглава ламjа , ни се заканува со неjзините никогаш ненаситени три – усти (зошто ненаситеноста   е неjзината природа ), а притоа задоволно ги вие своите седум опаши , е програмирана по наша мерка , измерена во градите и половината кршна на нашата Родина. И само од нас самите зависи дали се согласуваме со тие  ,мерки, измерени за нас –  со аршини  туѓи ?
 Денешново време , изобилува со , направи , кои служат за брза комуникациjа ( благодарение на Добриот Човек , со потекло од Богомила – Никола Тесла . Тоj го научи човештвото како да ги контролира електричноста и брановидноста на етерот ),  кои  како ,Херкул Поаро од романите на А. Кристи се вешти во пронаоѓањето на припадници од сопствениот Род , насекаде низ Светов. Социjалните мрежи , можат да бидат посредниците во првоначалните контакти. Разменуваjќи мислења и дружеjќи се виртуелно , коj знае – можеби тоа ќе доведе и до лични средби .
 Без на-родна сплотеност ,сите  избори сега и во иднина , ќе бидат само следни делови од антимакедонската фарса ,, Владеење на Ромул и Рем ,, ( или ,, Курто и Мурто повторно jаваат ,, ).
Зоран Курљан

Related posts

Leave a Comment