Според новите правила, само патниците кои примиле три дози од вакцината против коронавирус можат да влезат во земјата без дополнителни документи.
Според новата Регулатива за режимот Ковид 19 за влез во Австрија, списокот на земји со висок ризик повеќе не важи.
Така, граѓаните ширум светот кои примиле бустер доза можат да влезат во Австрија без дополнителни услови.
Причина за олабавување на режимот на влез е фактот што сојот омикрон стана доминантен и во Австрија.
За оние кои не ја примиле третата доза од вакцината важи таканареченото правило „2G плус“, што значи дека вакцинираните или излекуваните можат да влезат во земјава само доколку имаат негативен ПЦР тест.
Лицата кои имаат документи „2G“ – потврда за претходен ковид19 или потврда за вакцинација со две дози, а немаат негативен ПЦР тест мора да бидат ставени во карантин, кој може да се прекине по PCR тест кој има негативен резултат.
Де факто не е возможен влез во Австрија за невакцинирани или лица кои не го поминале Ковид19 за туристички цели.
Вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или Светската здравствена организација (СЗО) како што се Biontek / Pfizer, AstraZeneca, Johnson & Johnson, Moderna, кинеските вакцини Sinofarm и Sinovak, како и Kovaksin, Kovovaks и Novaks.
Руската вакцина Спутник не е признаена.