Колумни

Сашо Панговски : Многу го мразам Заев. Сакам да заврши во затвор и на цела фамилија Заеви да им се конфискува имот. Да видат каков е животот со социјална помош, да ги дадат парите на адвокати и доктори

Многу го мразам Заев.
Сакам да заврши во затвор и на цела фамилија Заеви да им се конфискува имот. Да видат каков е животот со социјална помош, да ги дадат парите на адвокати и доктори. СДС да се затвори во централен регистар и да не постои веќе. Сите оние кои имаа ЗА на профилите за време на референдумот денар повеќе да не земат од слободна Македонија. Но највеќе го мразам Заев и мојата борба е против него.
Ќе прашате Зошто?
Дали можеби дека е глупав? Има многу глупави луѓе, зошто баш него? Да не е затоа што е крадец? Знам и други крадци но не ги мразам како него. Да не е можеби затоа што е лажго? Не може да е поради тоа знам многу лажговци а не ги мразам и не се борам против нив. Што ли може да биде? Изглед? Не. Стил на облекување? Не. Музиката шо ја слуша? Не….
Што е тогаш причината зошто го мразам Заев и таа омраза ме натерала да напишам 100.000 твитови против него? Три тома “Војна и мир” твитови, колумни, видеокасти, против овој сељак од Муртино.
Знам. Ми текна.
Затоа што Заев КРИМИНАЛНО го протурка преспански договор со кој ни е променето вековното име, со кој не направи Северџани.
Затоа што Македонската Опера и балет денес е национална опера и балет, затоа што ракометната репрезентација на #Македонија денес е репрезентација на Северна за која не сакам да навивам. Затоа што ми ги одзеде спортот, музиката, културата.
Го мразам зошто поради него моите деца ќе учат ЛАГИ дека Гоце и Самоил се бугари а Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот. Го мразам и затоа што наместо моите деца да учат втор странски јазик по избор ќе бидат ПРИНУДУВАНИ да учат албански, затоа што ко ќе пораснат колку и да се стручни и елоквентни, работата ќе им ја земе дете на терорист од УЧК на кое единствената квалификација му е националноста, што е албанец.
Има многу на листата зошто го мразам Заев и му посакувам се најлошо нему и на неговата фамилија. Го мразам поради неговите ДЕЛА, не поради тоа кој е, што е, од каде е и каква фризура има. Денес Заев не е премиер, но неговите ДЕЛА СЕ сеуште живи. За некоја година можеби и ќе го заборавиме тој Муртински опинок, како никогаш да не бил…. Но ако со него не ИСЧЕЗНАТ и неговите ДЕЛА, најверојатно е дека моите, вашите деца, внуци ќе го изучуваат Заев во историските читанки – но не како крвник на #Македонија и Македонците, туку како визионер… Сакате таква иднина за вашите деца и внуци? Вашиот и мој срам да го повторуваат со гордост? Не сакам ни јас. Затоа го мразам Заев но уште повеќе ги мразам неговите ДЕЛА и го мразам СЕКОГО кој поради лична корист и желба за власт ќе ги ОСАКАТИ идните генерации со продолжување на неговите ДЕЛА – НЕДЕЛА, со признавање на неговиот криминал и травестија за стандард, реалност. Тоа е мојата омраза, тоа е мојата исповед…. ЗАТОА го мразам ЗАЕВ, и во име на моите деца и идните генерации не смеам да дозволам ЗАЕВИТЕ дела да живеат подолго од 12-ти април 2020-та. Секое друго сценарио значи дека ДОВЕКА, во некој ген, во некоја хромозомска нишка на секое идно дете ќе има еден дел од Заев. Не сакам таква иднина, и секој кој ова ми го нуди како опција, како РЕАЛНОСТ, не е ништо подобар од Заев и го мразам подеднакво како Заев.
За слободна, независна, МАКЕДОНИЈА УРААА!

Related posts

Leave a Comment