Ај она е горда Еврејка, очигледно од мала свесна за страдањата на нејзиниот народ, давидовите ѕвезди и холокаустот, ама вие кои гордо ја носите Давидовата ѕвезда отелотворена во името Северна Македонија која ви ја наметна светот и со која ве жигоса за да ви покаже дека не сте му дораснати и вредни на неговата големина, не ве очекува ништо друго освен пропаст. Изборна и секоја друга. Затоа се мајтапите со неа. Таа разбира што е Давидова ѕвезда, вие не разбирате.
Вака актерот Сашо Тасевски ги коментира синоќешните случувања во Собранието.
Немавте потреба од оној циркус да ја менувате Мизрахи. Го кршела Уставот? Па вие петпати го кршевте до сега. Ама што ќе кажеле Грците? Овци, дури и да кажат, да протестираат, вашиот граѓанин и министер треба да рипнете да го браните или барем да го оправдате, онака курназки. Ненамерно било. Бла бла бла. Не треба да се откажете од него, туку да застанете зад него. И тоа е форма на отпор ако сте сфатиле дека сте згрешиле за сменетото име. Ама не, вие со радост го носите и тоа се гледа. Немате улична школа толку важна за политиката. Затоа ве плеска кој стаса. Анационална партија на овие избори нема да помине да ви е јасно,порача Тасевски.