Билбордите кои викендов се појавија низ Скопје како продолжение на јавната војна меѓу градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, партија којашто ја поддржа нејзината кандидатура, ги нарачал владејачкиот Социјалдемократски сојуз.
ОД СДСМ одговориле потврдно на прашањето на „Фокус“ околу тоа дали партијата е нарачател на билбордите. Засега нема одговор за тоа колку пари за ова потрошиле од СДСМ.
-СДСМ на 25 билбори во Скопје само ја покажа вистината која скопјани многу добро ја знаат, тоа се причините за кавгите во ВМРО ДПМНЕ, пари, тендери и рацете во медот, велат од СДСМ за „Фокус“.
Арсовска денеска рече дека таа не стои позади билбордите, иако на нив пишува „шпицен градоначалник“, израз што таа го користеше за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на седницата за советнички прашања во Град Скопје минатата недела.