На 27 април се случи терористичко загрозување на уставниот поредок, тоа е потврдено и со судски пресуди, одговори пратеничката Даниела Маркоска од СДСМ на прашањето за коментар по ставот на претседателот Стево Пендаровски дека осудените од 27 април не се терористи.
-Она што се случи на 27ми април беше рушење на уставниот поредок, сите бевме сведоци што се случи пред четири години, дека беше напад на домот на демократијата и за тоа си следеше судска постапка каде веќе делото е завршено и судот е оној којшто треба да одлучи дали станува збор за тероризам, насилство …, а веќе има одлучено и тоа е веќе завршена процедура во судството, истакна Маркоска.
Претходно Пендаровски изјави, Јас луѓето првично ги прашував околу мене за какво кривично дело се гонат, јас знам дека такво кривично дело мислам формулација таква немаше на времето ниту во бивша Југославија, ниту во 90-тите години. Тоа е подоцна прифатено. Бидејќи јас нешто знам околу тероризмот и околу безбедносните проблеми и дилеми, јас тврдам дека тие луѓе не беа терористи што влегоа, нагласи Пендаровски.
Тој додаде дека и дека казните се големи и дека треба да иима повторно отворање на случајот.