Свет

Северен Кипар тврди дека ракета од Сирија паднала во земјата – Видео

 

 

Официјален претставник од Турската Република Северен Кипар (ТРСК), која е признаена само од Турција, денес соопшти дека властите проучуваат остатоци од неидентификуван летечки објект, кои може да бидат од проектил  кој се урна северно од Никозија.

Еден објект кој го погоди северен Кипар во неделата вечер, наводно, е ракета од противвоздушен систем од “руско производство”, Кудрет Озерсај, министер за надворешни работи на самопрогласената Турска Република Северен Кипар, напиша на Фејсбук .

“Првата проценка е дека  руската ракета е дел од системот за противвоздушна одбрана, кој беше активиран минатата ноќ, во услови на воздушен напад против Сирија”, напиша тој.

Тој тврди дека проектилот може да биде  дел “од С-200”, кој наводно “го завршил својот опсег” и паднал на медитеранскиот остров откако ја промашил целта за време на израелскиот напад врз Сирија.

Додека официјалниот претставник додаде дека ќе продолжи да ја информира јавноста за инцидентот, ниту руските, ниту сириските министерства за одбрана досега не ги коментираа наводите.

Претходно беше објавено дека експлозијата се случила околу 1 часот по локално време во регионот на Ташкент, северно од главниот град на Кипар, Никозија, што не предизвикало никакви жртви.

Кипар е поделен уште од 1974 година, кога Турција го окупираше северниот дел на островот, подоцна прогласувајќи го регионот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), што Анкара ја признава само како независна држава. Република Кипар е меѓународно призната како единствена легитимна држава.

 

Related posts

Leave a Comment