Свет

Северен тек 1 од утре без гас

Најважниот гасовод што ја снабдува Германија со руски гас, Северен тек 1, од утре нема да работи поради ремонт, како што најави претходно операторот.

Ова ги зголемува стравувањата во Германија дека тоа може да значи целосно „вртење на вентилот“.

Министерот за економија Роберт Хабек изрази страв дека Русија веќе нема да испорачува гас дури и по ремонтот.

Работите ќе траат 10 дена, до 21 јули, така што при ремонтот повеќе нема да има испораки на гас од Русија за Германија.

Веќе во јуни Русија значително ги намали количините што ги испорачува за Западна Европа, со објаснување за проблемот поради исчезнатата турбина.

Според податоците на Федералната мрежна агенција, Германија во моментов добива само околу 40 отсто од својот гас преку Северен тек. Германија добила помали количини гас и преку други гасоводи.

Властите во Берлин претпоставуваат дека исклучувањето на Северен тек 1 би можело да трае подолго од најавеното, можеби и до две недели.

Сепак, стравот е поголем од продолжувањето на ремонтот дека „Северен тек“ може да остане без гас и по завршувањето на работите. Германскиот вицеканцелар и министер за економија Хабек рече дека го очекува најлошото сценарио.

„Се е можно, се може да се случи. Можеби ќе се испорача повеќе гас, повеќе од досега, но може да има и целосен прекин на испораките“, подвлече тој.

Овој страв го дели и германската индустрија, пред се хемиската и фармацевтската, која е голем потрошувач на енергија. Директорот на VCI, Волфганг Гросе Ентруп, рече дека индустријата се подготвува за намалување или дури и суспендирање на пратките. Според него, компаниите од југот и југоисточниот дел на Германија прво би ги почувствувале проблемите поради гасоводниот систем, додека северот и западот би можеле полесно да се снабдуваат преку пристаништето.

Во големите компании како BASF, Merck или TisenKrupp, во тек се подготовки за вонредна ситуација. Тисен Круп вели дека можностите за заштеда на гас во производството се речиси минимални. Ограничувањето на снабдувањето со гас, велат тие, би значело и ограничување на производството.

Related posts

Leave a Comment