Македонија

Северџанската војска ќе го нападне вирусот корона со 6 плотуни од артилериско оружје

Денеска со почеток во 18 часот ќе се изврши напад врз корона вирусот со артилериска стрелба инспиран од приемот во НАТО, најавија од Генералштабот на Северџанската Армија.

За таа цел, од касарната ,,Илинден“ во Скопје ќе бидат истрелани шест плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата.

Се очекува вирусот Корона да се уплаши од канонадата на супер силната северџанска армија која се очекува за брзо време да биде столб на НАТО алијансата и да побегне во некоја друга земја која се уште не е привилегирана да биде дел од алијансата, а најверојатно престрашениот вирус распаметен од новите чизми на АРМ ќе побегне дури во Кина, земјата од каде што дојде да ги тероризира мирољубивите народи на земјите членки на НАТО.

 

Related posts

Leave a Comment