Од 1ТВ по долго време откако излезе аферата со случајот Рекет, се огласија на социјалните мрежи.
– Нашата прва објава ја посветуваме на Бојан Јовановски, човекот кој ја создаде 1ТВ и се бореше секој вработен да има достоинствен третман, човекот кој беше другар со секој вработен во телевизијата, сведоци сме на фактите кој бил и како бил, стои во соопштението.
Велат дека целата јавност ќе биде изненадена од позадината и вистината за Рекет.
– Како беше изреката, вистината е како шило, а тоа шило ќе го дупне надуениот балон за Рекет, стои во соопштението до јавноста.