Најмалку четири лица загинаа, еден исчезна и еден е повреден откако патнички хеликоптер се урна во северна Норвешка во саботата, соопштија спасувачките служби.
Имаше пет патници и пилот на летот на Ербас АС350 на норвешкиот Хелитранс. Се урна во југозападна Алта околу 17 часот. Повредениот е пренесен во болница во Тромсо, соопштија спасувачките служби.Патниците на хеликоптерот, наводно, патувале на музичкиот фестивал „Хострепл“, што се одржува овој викенд, пренесува Франс Прес.
Управата на фестивалот на Фејсбук ги откажа концертите за сабота вечер. Причината за несреќата не е позната, а Хелитранс не беа веднаш достапни за коментар.
https://twitter.com/secureproxysite/status/1167863020669652993