Светската здравствена организација прогласи глобална пандемија поради коронавирусот.
„Загрижени сме за алармантното ниво на распространетост и сериозноста на болеста, како и од недостаток на преземени активности поради неа“, се вели во соопштението на СЗО.
Тие проценија дека поради тоа COVID-19 може да се карактеризира како пандемија.
До денес, 4373 смртни случаи на коронавирус се потврдени ширум светот, со повеќе од 120.000 заболени.
Досега во Македонија се регистрирани 7 случаи.
"Thousands more are fighting for their lives in hospitals.
In the days and weeks ahead, we expect to see the number of #COVID19 cases, the number of deaths, and the number of affected countries climb even higher"-@DrTedros #coronavirus
— World Health Organization (WHO) (@WHO) March 11, 2020