Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси ги предупреди другите земји да не се обидувааат да ја контролираат соседна Либија.
Тој им се обрати на новинарите во услови на зголемени тензии околу врските на Турција со Владата за национално единство (ГНА) во Триполи и изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Анкара е подготвена да испрати армија во Либија доколку тоа го побара ГНА.
„Ние нема да дозволиме никој да ја контролира Либија. Тоа е прашање на египетската државна безбедност“, рече Сиси, чии коментари ги пренесе државниот египетски весник „Ел Ахрам“.
АФП потсети дека Египет ја поддржува либиската Народна армија (ЛНА), командувана од Калифа Хафтар која моментно ја контролира источна Либија.
ЛНА се обидува да ја преземе контролата врз Триполи уште од април, пишува Раша Тудеј.