Свет

Сите американски војници кои не сакаат да се вакцинираат ќе бидат отпуштени „веднаш“

Сите американски војници кои не сакаат да се вакцинираат ќе бидат отпуштени „веднаш“

Американските војници кои не сакаат да се вакцинираат против Ковид-19 веднаш ќе бидат отпуштени, соопшти денеска Армијата, велејќи дека е неопходно да се одржи борбената готовност.

Пентагон воведе задолжителни вакцини уште во август минатата година

Мерката се однесува на обичните војници, резервистите и питомците, освен оние кои имаат потврда за ослободување од вакцинација, се вели во соопштението. Пентагон воведе задолжителни вакцини за сите активни припадници на војската во август 2021 година.

Повеќето војници примиле најмалку една доза од вакцината, а 79 починале од ефектите на коронавирусот.

„Невакцинираните војници се ризик, тие се закануваат на подготвеноста“

„Борбената готовност зависи од војниците кои можат да тренираат, да патуваат, да се борат и да победуваат во војни“, рече високиот воен претставник Кристин Вормут. „Невакцинираните војници се ризик за војската и ја загрозуваат подготвеноста.

Другите гранки на војската, вклучително и воздухопловните сили, веќе почнаа да отпуштаат војници кои ја одбија вакцината, која првпат беше одобрена за итна употреба во декември 2020 година.

Related posts

Leave a Comment