БУДИМПЕШТА – Унгарија нема да поддржи никакви санкции за руската нафта и гас, изјави денеска министерот за надворешни работи Петер Сијарто, повторувајќи го ставот на унгарската влада по тоа прашање, пренесуваат унгарските медиуми.
Испораките на руски гас во Унгарија пристигнуваат без никакви пречки, рече Сијарто на брифинг со новинарите во видео-обраќање на неговиот Фејсбук профил, по разговорот што го имаше со неговиот турски колега во Анкара, пренесе Ројтерс.