Свет

Скоро 100 повредени во силна експлозија во главниот град на Авганистан

 

Според Министерството за внатрешни работи на земјата, нападот бил насочен кон полициска станица

 

Силна експлозија одекна во западниот дел на главниот град Кабул во Авганистан во средата, при што повредени се скоро 100 луѓе, објави телевизискиот канал ТОЛОњус, повикувајќи се на лекарски изјави.

Во претходните извештаи се велеше дека 80 лица се повредени.

Според Министерството за внатрешни работи на земјата, експлодирал автомобил – бомба. Нападот бил насочен кон полициската станица.

Радикалното движење во Авганистан Талибан  ја презеде одговорноста за експлозијата, објави ТВ-каналот.

Related posts

Leave a Comment