Свет

Солзавец за годишнината од жолтите елеци(ФОТО)

EPA-EFE / CHRISTOPHE PETIT TESSON

Париз – Француската полиција употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собраа на првата годишнина од антивладините протести на движењето „Жолти елеци“.

Судири меѓу полицијата и демонстрантите се случија во северозападен Париз, кога демонстрантите се подготвуваа да маршираат низ градот.

Полицијата, исто така, интервенираше за да спречи неколку стотици демонстранти да го блокираат кружниот тек во Париз, пренесува Ројтерс.Досега се уапсени 24 лица, соопшти полицијата.

EPA-EFE / CHRISTOPHE PETIT TESSON

Протестите на „Жолтите елеци“ започнаа кон средината на ноември 2018 година, првично поради зголемувањето на цената на горивата и високата цена на животот, но прерасна во пошироко движење против претседателот Емануел Макрон и неговите економски реформи.

EPA-EFE / CHRISTOPHE PETIT TESSON

На почетокот, десетици илјади луѓе учествуваа во протестите, а подоцна дури 300.000, за да  нивниот број се намали во претходните месеци на неколку илјади.

Сепак, водачите на протестите ги повикаа приврзаниците денес повторно да се мобилизираат за да ја одбележат својата прва годишнина.

Related posts

Leave a Comment