Се насука поради дефект на кормилото и се закотви во заливот Бебек, објави на Твитер Генералниот директорат за крајбрежна безбедност на Турција.
Поморскиот сообраќај низ Истанбулскиот теснец е во прекин по дефект на брод кој доаѓа од Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
– Бродот „Лејди Зехма“ долг 173 метри се насука поради дефект на кормилото и се закотви во заливот Бебек – објави на Твитер Генералната управа за крајбрежна безбедност на Турција.
Спасувачките бродови и службеници беа распоредени да му помогнат на бродот.