СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ И ДО ЈАВНОСТА
До македонската и меѓународната јавност, македонските родољубни сили и медиумите
СООПШТЕНИЕ ОД МАКЕДОНСКИОТ СУВЕРЕН РОДОЉУБИВ НАРОД
1. ИЗВРШЕН УЛТИМАТУМ ЗА НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА В Е Д Н А Ш НА НЕЛЕГИТИМНАТА КРИМИНОГЕНО ВЕЛЕПРЕДАВНИЧКА ГЕНОЦИДНА ВЛАСТ и
2. ПОВИК за учество на Вториот КОНГРЕС НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД за СПАС И ОСЛОБОДУВАЊЕ, под заштита на Митрополит Повардарски г.Агатангел
23-24 Ноември 2019, Манастир Св.Ѓорги, Неготино
Поради тоа што нелегитимната ненародна недемократска антимакедонска криминогено ГЕНОЦИДНО велепредавничка власт, Собранието и Владата на дивотворбата ,,северна“, ги направи најтешките злосторства против државата и човештвото: велепредавство и суптилно софистициран геноцид врз својот сопствен суверен Македонски народ, со цел да го спроведе ГЕНОЦИДНИОТ ПЛАН, притоа три години игнорирајќи ги нашите барања, апели, иницијативи и ОТВОРЕНОТО БАРАЊЕ од 18.09.2018 да си даде неотповиклива оставка, таа продолжи со уште понасилно и монструозно менување на името Македонија и на Уставот на РМ, со бришење на Македонскиот народ од картата на народите, по пат на уцени, поткуп на пратеници и со помош и мешање на надворешите фактори и сили во внатрешните работи на суверена држава, со злоуотреба на сите демократски средства, начини и механизми за искажување на народната волја, како што се избори и референдум, против волјата на СУВЕРЕНОТ на Македонија и Декларацијата на Македонскиот народ за неговите црвени линии и Стратегија за зачувување на името на Република Македонија и на Македонскиот идентитет, Јазик, Историја и Култура (од 8-ми Септември 2018 г.), која им е доставена во прилог,
Ние, Македонскиот СУВЕРЕН го упатуваме овој ИЗВРШЕН УЛТИМАТУМ ЗА НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА В Е Д Н А Ш НА НЕЛЕГИТИМНАТА КРИМИНОГЕНО ВЕЛЕПРЕДАВНИЧКА ГЕНОЦИДНА ВЛАСТ И ВРАЌАЊЕ НА МАНДАТОТ НЕПОСРЕДНО во рацете на Македонските СУВЕРЕНИ!
Таа не ја почитува и не ја спроведува волјата на Македонскиот народ јасно искажана на геноцидниот референдум од 30-ти септември 2018 година, кој според Уставот и законите на РМ е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН и резултатот од истиот е нужно да се имплементира во државата Република Македонија! Со што се прекинува и нема никакво понатамошно дејство постигнатиот консензус за распишување на предвремените парламентарни избори на 12-ти Април 2020 година под услови и модел за ,,Пржинска влада“!
ТИЕ НЕМААТ ПРАВО И ЛЕГИТИМИТЕТ да договараат и организираат, во име на народот (зашто не се достојни негови претставници), повеќе какви било избори и облици на негово претставување/и да го претставуваат во Р.Македонија и надвор од неа, а особено не во овој случај кога истиот е под ВЕЛЕПРЕДАВНИЧКА ГЕНОЦИДНА ОКУПАТОРСКА ДИКТАТУРА!
Им го одземаме правото да одлучуваат и без дозвола од Македонскиот народ да учествуваат на избори на ,,северна“! А, всушност нашата држава е Република Македонија, за која ние, Македонскиот народ, никогаш не сме прифатиле да биде со променето име ниту сме ги прифатиле нелегитимните уставни промени!
Македонскиот народ ја известува македонската и светската јавност дека ќе го одржи Вториот Конгрес на Македонскиот народ за ОСЛОБОДУВАЊЕ И СПАС НА МАКЕДОНИЈА, за својот опстој и за сочувување на својата татковина и матична држава Република Македонија, под заштита и со благослов на нашиот духовен татко и татко на нацијата, кој ЗАСТАНА ЗАЕДНО СО СВОЈОТ НАРОД, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На 23 и 24-ти Ноември 2019, манастир Св.Ѓорѓи, Неготино.
На Конгресот ќе се донесат важни одлуки за прекин на спроведувањето на сите геноцидни политики во однос на Македонскиот народ, ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ на ОВАА ВЛАСТ ЗА ГЕНОЦИДНА И ВЕЛЕПРЕДАВНИЧКА И НЕЈЗИНО УРГЕНТНО УКИНУВАЊЕ , и ПРОГЛАСУВАЊЕ ЗА НИШТОВНИ на сите од НЕА донесени нелегитимни одлуки, ДОГОВОРИ (Преспански, Бугарски, Тиранска…, ОДЛУКИ, АКТИ, ЗАКОНИ, УСТАВНИ ИЗМЕНИ и сл.) и ратификации на документи преку дејствувањето на нелегалното собрание и влада на таканаречената ,,Северна“.
Дел од учесниците- делегати ќе бидат претставници од македонските родољубни субјекти, од Македонија и од светот (Дијаспората), а дел ќе бидат докажани македонски родољуби поединци претставници од народот, исто така, од Македонија и од светот, врз основа на заедничките досегашни ставови, заложби, активности и иницијативи кон македонските црвени линии за заштита и одбрана на Македонскиот народ и на националните и државни интереси, Единството на Македонскиот народ. Другите ќе бидат гости.
Ги покануваме и претставниците на Дипломатскиот кор во Република Македонија и меѓународните организации, ЕУ, ОБСЕ, ООН, да бидат почесни гости на Конгресот од кој ќе можат непосредно да ги информираат своите влади за одлуките на Македонскиот народ за својот опстој и за сочувување на својата татковина и матична држава Република Македонија.
Ги предупредуваме сите дека Македонскиот народ, неговите најдоблесни родољубни претставници имаат легитимно, уставно и меѓународно загарантирано право и должност да ги бранат своите основни човекови права и слободи и слободата, независноста и сувереноста на својата татковина и држава Република Македонија.
БАРАМЕ од МЕДИУМИТЕ, особено од МРТВ, да ги пренесува соопштенијата и да пренесува/известува за и од Конгресот. Доколку и понатаму ги игнорираат нашите соопштенија и иницијативи, тогаш ќе ИЗЛЕЗЕМЕ на ПРОТЕСТ пред МТВ.
Тоа е ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА, пред која и боговите молчат!
Да бидеме во мир со Бога и да ги почитуваме природните и цивилизациски законитости и универзалните права и слободи на човекот и правото на самоопределување на народите, на задолжителните ЈУС КОГЕНС норми, кои важат ERGA OMNES!
За таа цел, а со цел да се избегнат можни злоупотреби и попречување на легитимните НАРОДНИ ИНИЦИЈАТИВИ од која и да било страна, ќе ги известиме и надлежните органи, доколку има потреба да пружи потребна заштита на овој благороден мирољубив народен чин за заштита на загарантираните суверени права и за заштита на присутните делегати и гости на конгресот.
21.11.2019 г. Од Македонскиот народ, СУВЕРЕНИТЕ
Скопје на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА