Политика

Софија Ачкоска: Мој Фокус ќе бидат младите

Почитувани мои сограѓани. Јас сум вашиот кандидат за советник во Општина Центар од партијата Родина Македонија.

Јас не сум политичар, јас сум една од вас некој што во зима, секој ден пред да излезе го проверува „Мој воздух“ , кој лето посакува да има вода во скопските фонтани, некој што секојдневно се бори со сообраќајниот метеж, трага по слободен паркинг, бара простор за движење по преполните тротоари, ги избегнува раскопаните дупки, го затнува носот пред преполните контејнери, гази по смет по тревнатите патеки, им се тргнува од патот на глудниците кучиња, некој што се згрозува од негрижата кон се она што со наши пари е градено со години во центарот на градот и кој сака да го види Центарот на Скопје во неговиорт полн сјај.

Еве зошто на Центар му требаат пред се нови политички некомпромитирани и некорупирани луѓе кои ќе им го вратат Скопје на Скопјани. Има уште многу нешта во моето, во нашето Скопје во мојот Центар што ми пречат, што ме болат и кои мора да се сменат, без кои во Центар никогаш нема да има ред.

Јас сум родена скопјанка, како што велиме скопјани, центарско дете. Целиот свој работен век сум го поминала во образование, работејќи на бројни проекти со учениците во подигнување на еколошката свест и градење на еколошката култура кај младите. Новините во методиката на образованието, откривањето на талентираните ученици, нивно следење и менторирање на бројни натпревари за мене биле императив и предизвик во работата.

Докажан педагог, истакнат педагошки работник , автор на средношколски учебници и помагала во настава и публицист. Со еден збор во фокусот на мојот живот биле младите. Така е и денес. Се заложувам за здрави млади идни генерации, без маски и слобода на нивната младешка имагинација. За осовремененување на наставниот процес и нови концепти и програми на образование, но и за учебници за секое дете.

За десексуализација на учебниците, ослободени од инародна идеологија со цел зацврсување на традиционалните семејни вредности. За мотивација на младите и давање на можности за напредување во образованието и спортот. Жестоко ќе се заложам за иднината на младите и подобри амбиентални услови за живот на сите граѓани во Македонија, сериозно зафаќајки се во решавање на проблемите со аерозагадувањето и загадувањето воопшто, со нула толеранција на загадувачите до крајот на мандатот.

Ако се прашувам зошто сите градоначалници на општините почнуваат да работат на крајот на својот мандат како да се на почеток? Ќе ви кажам. Тие ги трошат нашите пари, затоа што знаат дека не заслужиле и нема да добијат уште една шанса од граѓаните. Јас можам да ви гарантирам дека ако решите да ми ја доверите довербата, од првиот момент па до крајот ќе работам на реализација на сите дадени ветувања во програмата на „Родина Македонија“ и жестоко ќе се спротивставувам на проекти кои се контрапродуктивни за жителите на Центар.

Софија Ачкоска, кандидат за советник во Општина Центар.

 

Related posts

Leave a Comment