Сума сумарум-секој имал право на заслужен одмор, но поради кризата хах!штаг Летувајте во Македонија. Македонија има убави села, езера, планини.
Мицковски започнал со лесно, на триесет степени, плакнење на мозокот. Центрифугата вклучена. Инаку да немаше криза ќе можевме и на северната земјина полутопка да зашетаме. Сега шетајте по северна, но не ги игнорирајте и другите страни на нашата прекрасна.
Тој е човекот со искуство во кризни времиња. Така шеташе по македонски села, езера и планини, кога Македонците шетаа пред Собрание.кога бевме во криза да го изгубиме името,/идентитетот, историјата. Патем, убаво срочено сето тоа- #ЛетувајтеВоМакедонија и обидот да се избегне груевото #КупувајтеМакедонскиПроизводи, со некоја флоскула ” да го помогнеме стопанството. Македонското, секако, бидејќи е во предизборна кампања. Кога таа ќе заврши, ќе стапи на сцена – реалноста. Во додавка, придавка и страна на светот. И сега нешто слаб му е допирот со реалноста или само со администрацијата е во допир. Оние вработени, што не се на државни јасли, веќе го искористиле одморот во кризниот хаштаг #ОстаниДома. Три децении е Македонија во криза од такви недоветни политичари. А катарзата, оздравувањето никако да се случи. Во криза сме /од/ Македонци на одмор од себе како такви.
ФБ Статус на Соња Манџук