Јасен показател дека на оваа фејк-влада и следи отцрпнување и деинсталирање беше првото пројавување на профилот Ел Чека, во улога на бомбаш. Ги допра недопирливите. Иако првата бомба што ја пушти пред неколку месеци, одекна како петарда. Само ја ѕвизна владата по уши, нежно. Бомбата во која Ахмети во разговор со Муса Џафери, вели дека треба пописот да се стопира, затоа што ќе се дознае за процентот на Албанците во Македонија, а тие ќе ги изгубеле функциите. За процентот и моиве голуби во маало, што какаат ко фоки по ламарина и се тепаат ко трета светска да е во тек, знаат. Но, мене се уште не ми е јасно, дали му испука и нему в раце, во однос на албанските процент- интереси, или битно беше да се дознае дека дуистите се грижат само за своите функции, а тоа што ‘невини Албанци‘ лежат во затвор, не им е гајле. Всушност, на големоалбанската идеја, не и се битни процентите. Човекот на ‘нашите туристи во Диво Насеље‘, ( на радикалната група, на оние на кои ‘војувањето им станало професија‘, за која Ахмети и неговите се будисти, кои ги предале сеалбанските интереси) предупредуваше дека ќе продолжи да ги пука ‘бомбите‘ кои ги има ‘уште пострашни‘, се` додека криминалците од ДУИ не бидат уапсени и доколку не се исполни неговото барање – ‘да се спроведе меѓународна истрага за настаните во Диво Насеље, како што ветуваше ДУИ‘.
Како што ветуваше ДУИ! Како што сигурно ветил и Заев.
Всушност, Заев како што си е чесен, добродушен и комуникативен, ( и за ова наскоро, се надевам ,злоупотребен ќе дознаеме дека бил ) поверојатно е дека им ветил дека ќе ги пушти. Па, и не можат они заложници како туристи да му бидат, башка тоа што од Диво Насеље им сменија туристичка локација –Затвор!
/ Тоа што пропагандната машинерија на фабрикантите од есдеесето, фабрикуваа дека Грујо ги викнал и им платил, за да..за да го рушат… а, не,не, за да го отргнат вниманието од неговите криминали, кои ги слушаме од бомбашот Заев. Приказна во која поверуваа некои многу паметни шарени луѓенца, кои се разминале со логиката, или со истата на паралелна линија си биле, по идеолошка линија, ако воопшто може да се говори за идеологија тука или мозокот во бубањ на перење и на силни вртежи во минута и на опција сушење – вклучен. А, кај некои новинарчиња, богами и на оција-пари, или уцена, одамна ставен. Еве, ги сега, најупорните, највртените или најфабрикуваните, најнафатираните, од погонот за пропаганда, отсек релативизирање и бранење на неодбранливото како прават будали од себе и се убедуваат и себеси дека гласот на Катица не бил нејзин, мрачни сили се впрегнале, мрчатори и завидлисти се здружиле ,оската Грујо- Орбан –Путин се впрегнала да ја попречи блескавава држава да граби само напред, никако во криминал не граби, ограбува, рекетира..туку да граби само напред во светлата еунато, иднина, а овие сакаат да и ја одземат. Но, да се вратам на темата, овие таквите ионака бараат постручна социолошко-психолошка опсервација. И следење на трансакционата. Ќе ги ставам во коси линии, баш им личат, со нив се гордеат. /
Дали треба да потсетам? Викиликс пушти документ во кој јасно посочува ‘структури на тогашната опозиција на линија со кумановската група‘. И без тоа беше јасно, кога блискиот на злосторникот оди на местото на злосторот, да си прави селфи и да лета орли. Додека Македонија е во жалост за изгубените животи на своите полициски и воени сили, на своите чеда. Додека шарени празноглвци-под силен млаз-мозочно бањати дивеат по Скопје а една и закрека- ‘Диво насеље да ви се деси.‘
И мене на момент ми се причини дека пишувам за ланскиот снег, додека афрата Рекет ја тресе цела фејк-влада и нивната истотаква -подружница сјо. Но, мислам дека и по трагите на‘ланскиот снег‘, ќе можеме да дојдеме до чевлите на главниот бос.
Всушност пројавувањето на профилот Ел Чека го сметам за многу битен фактор, не само затоа што ги допра недопирливите, туку затоа што сега, кога е јасно дека тоа што и е ветено на ‘туристичката група‘, не може да и биде испорачано. Затоа и очекувам од овој профил бомби кои ќе одекнат со многу поголема детонација и подалеку ќе се слушнат, од овие другиве што досега ги пушти, а само локално одекнаа. И дека тоа бзззз- ќе ѕвизне поголеми играчи. Ако ги има, ако ги пушти. Доволна е и една. За настаните во Диво Насеље. Кој ги викнал, кој им платил, со кого, освен со Али и неговата дружина на жешка телефонска линија биле, што рекол Бејли, што послушале ОБСЕ. А, едно е јасно- Али не ги викнал, тие го викна него да им помогне да ги извлече, да им направи пат … Да потсетам што Ахмети сведочеше за ова на едно телевизиско гостување, кај Муки : ‘Да, му се јавил некој од лицето на местото во четири наутро од непознат број и му рекол: О, Али Ахмети, стани, отвори ни пат. А, тој во чудење бил и рекол како да ве вадам оттаму,како да правам коридор, не можам беса да дадам, може нема да успеам. И пак, подоцна му ѕвонел некој или истиот, галама било не се слушало добро и му рекол- помогни ни, погрешивме, изгинавме,изгоревме овде..никогаш веќе нема да го правиме тоа. И, Али Ахмети, оти хуман човек бил веднаш помош побарал. Акција –повикај пријатели, покренал. Оти луѓе гинеле, лошо било, гореле и уморни биле. Прво се јавил во американската амбасада, па во ОБСЕ.‘ И потоа, се предале. Кој им вети да не се секираат, се ќе биде ок? Да имавме независно , кредибилно судство, тие ќе беа по кратка постапка осудени а Али ќе беше сведок во судница. Наместо тоа ние бевме сведоци како британскиот амбасадор се шета нервозно по судските ходници, врши притисок и влијае врз истрагата А, Бејли дава инстуркции од повиско, од ридот. И брише четворица асли странски државјани од списокот на мртви во Диво Насеље. Британици, Американец, Германец…Е,тоа ќе биде бомба!
Меѓународна истрга за настаните бара Ел Чека. Една навистина независна меѓународна истрага ќе го донесе случајот не само до чевлите, дури и да ги свекол досега, туку до нозете на главниот актер. Ако ја нема, ќе слушаме само бомбици со локален дострел. А, бидејќи нашите ‘туристи од Диво Насеље‘ нема што да изгубат, многу е веројатна бомба со така посилна детонација. Тоа што Ел Чека се заканува дека сите материјали ќе и ги предаде на ЦИА, укажува дека или е тој малку наивен или ние не знаеме нешто. Можеби има друг паралелен играч во ЦИА, на сцена? Ќе дознаеме наскоро.
Оваа бзззз заушка на зз, битна е и еден друг аспект- по наместениот дивонасеље настан, ни го запржија Пржинскиот и му отворија пат на Заев и на подружнцата СЈО, да го руши режимот и на главните актери да им испорача промена на име, договор за добрососедски односи. По испораката следи отстранување. На балкански начин тоа се прави со номинација за нобелова за мир,со што ти кажуват симболично дека ќе те умироват. Симболично политички или буквално, останува да видиме.
Соња Манџук