ФБ Статуси

СОЊА МАНЏУК : ЗА КОИ И КАКВИ ИЗБОРИ СЕ СПРЕМАШ ДА ГЛАСАШ МакедонЧе?

Фотографија на Sonja Mandzuk.

За кои и какви избори се спремаш да гласаш МакедонЧе? За оној кој дозволи темелите и кровот на домот да го разнесат северни ветришта, но сега ќе ти менува прозорци и ќе ти става соларни панели, за да ти биде топло во зима и да заштедиш на енергија, како што ги штедеше нозете по села, брда и долини, додека ти стоеше на браникот пред Собрание?

Статиката ќе ти ја проверува сега. Најдобар хах мајстор бил. Или за оној стенд ап комичар муртински трговец кој ти го распродаде домот сосе тебе и ти направи илузија дека нов и модерен светски ти изградил? Кај ќе одиш, како ќе гласаш таков ни на небо ни на земја, во нашата вашата земја, која ти ја именуваат само за партиска пропаганда, што ќе заокружиш таков косоцрташ?! И под рефлектори ли ќе бараш правда ако го турнеш оној којшто и родениот татко клетва му срочил “раката да му се исуши на тој што ќе потпише името да се смени’?!

Или за оној -ни лево -ни десно -сега малку накај подесно, кој рушеше “режим” со кондоми во боја и со југословенско знаме против НАТО?! Или за оној Единствена Македонија под руско знаме на тенк качен?! Или, пак, за оној што ќе те носи далеку во иднината со брзи возови и вселенска програма?! Системот е вирус. И бактерија е. Не му давај инфузија, не го држи во живот.Стави го на антивирусен режим!

 

Related posts

Leave a Comment