МОСКВА – Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руските сили спречиле напредување на украинските сили во областите Доњецк, Херсон и Николаев.
Според Министерството, руските сили му нанеле значителни загуби на непријателот, пренесе Ројтерс.
Се додава дека руските сили продолжуваат со воздушните напади врз воени и енергетски цели во Украина, користејќи оружје со прецизно наведување со долг дострел.