Безсрамното обезличување на нашата држава од страна на владата на Зоран Заев го допре дното.После скандалот со бришење на ,,Македонец ,,во графата за националност во уписните листови на државните факултети,лудилото продолжува во учебниците за прво одделение каде што во песничка за татковината е вметнато името северна Македонија.Дрскоста да се допрат најмладите и најранливите говори колку булументата околу Заев е решена во намерите да го доврши обезличувањето на нашата држава во сите сегменти.Додека народот се замајува со Боки 13 и аферата рекет,а лидерот на најголемата опозициска партија наместо да ги повика своите пратеници да го напуштат парламентот,преговара со Заев за некакво обвинителство како да се друго во државава да е во ред па остана само судството,јуришниците на Заев го парчосуваат Македонското ткиво.