Агонијата е завршена. Конечно е донесена конечната одлука – Новак Ѓоковиќ се враќа во Србија!
И покрај медицинското ослободување и сите документи доставени од властите во Австралија, тие пресудиле и му забраниле влез во земјата. Тоа значи дека Србинот нема да ја брани титулата на првиот Грен слем сезонава.
По се што се случуваше во текот на денот, јасно е дека целата ситуација повеќе има врска со политичките игри во Австралија отколку со самиот Новак, што можеше да се види и од изјавите на тамошните политичари кои постојано пристигнуваа.
Јасно е дека српскиот играч ќе мора да почека на Ролан Гарос да стигне до 21. Грен слем титула и да ги претекне Роџер Федерер и Рафаел Надал. Дотогаш ќе може да се одмори и да ги „наполни батериите“ за она што следува …
Се чини дека Срѓан Ѓоковиќ со право се налутил.