„Во моментот кога започна војната во Украина, руската нафта имаше пониска цена, а потоа НИС увезуваше повеќе руска нафта. НИС со месеци се подготвува да увезува 80 отсто неруска нафта, а 20 отсто ќе преработува српска нафта Велебит која е една од најквалитетните во светот“, изјави Зорана Михајловиќ.
Министерката за рударство и енергетика во српската влада Зорана Михајловиќ, денеска пред почетокот на конференцијата за женско претприемништво во Стопанската комора на Србија изјави дека не е важно дали Србија требало да биде изземена од забраната за увоз на руска нафта со осмиот пакет санкции на ЕУ против Русија и дали некој го оневозможил, бидејќи Србија и НИС се подготвувале да увезуваат нафта од други земји.
Таа не сакаше директно да ги коментира медиумските написи дека Хрватска, заедно со некои други земји-членки на ЕУ, наводно спречила осмиот пакет санкции да биде изземен од забраната за увоз на нафта од Руската Федерација.