Свет

СРПСКОТО МВР: Лажна е веста дека во Украина е фатена српска снајперистка, таа е кај нас во затвор

Министерството за внатрешни работи на Србија денеска соопшти дека се „лажни вестите“ кои се појавија во медиумите за наводното фаќање на српската државјанка Д.Л од вооружените сили на Украина, означена како „снајперист Багира“.

„Точно е дека Д.Л. беше уапсена во октомври 2020 година и оттогаш се наоѓа во КПУ Пожаревац, на издржување на шестгодишна затворска казна и затоа не можеше да учествува или да биде фатена во Украина“, се вели во соопштението.

МВР наведува дека лицето од сликата објавена во медиумите не е Д.Л

Related posts

Leave a Comment