Хероите на РК.Вардар по втор пат за само три години се искачија на врвот на Европа.Сплотени како една целина со јуначки срца му покажаа на светот дека парите не се одлучувачки фактор за успех. И без помош од релевантните фактори во државава кои останаа глуви на повиците од љубителите на ракометот дека на играчите на Вардар им е преку потребна каква таква материјална помош затоа што 9 месеци се без плата истите тие фактори на преставничката на евровизија и дадоа 200000 евра,а за вардарци останаа глуви.
Еден од јунаците на вечерашниот натпревар беше Стојанче Стоилов кој на прес конференцијата после натпреварот реагираше на официјалното претставување од ЕХФ за Вардар како тим кој доаѓа од Северна Македонија со зборовите :
„Да потенцирам, мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“