Веќе десетина години се применуваат хунташки методи за малтретирање на населението во Струга. Поточно е насочено кон Македонската популација. Речиси секоја вечер од период 21-22 часот па до 01 по полноќ се пушта гласна музика со прекумерни децибели.
Таква метода се користат од Хунташки режими и за мачење на затвореници. Еклатантен пример е тоа што се случуваше во С.А.Д. во Гвантанамо заливот. И други Црни локации кој не се обелоденети. Гласна и постојана музика со која затворениците се лишуваат од сон. Како резултат на таа метода после извесно време добиваат психолошки срив па содветно и на тоа и физички ослабнуваат.
Со таков интензитет не се применува оваа метода во Струга. Но ако земиме фактот дека музика од ноќен клуб Скај Дрини се слуша на далечина од 700 метри воздушна линија до мојот дом. И дека колите кој поминуваат на улица во исто време едвај или не се слушаат од јачината на таа музика е индикатор за самиот интензитет на звук.
Да се потврди фактот дека е психолошка војна е и намерата на сторителите на ова гнасно дело. Кој секоја вечер се равикуваат „ Ајде Струга“ Па после почнуваат да пејат албански националистички песни „ Косово Шчиприја“ итн и стео тоа под прикривката дека е концерт.
Најжален најтрагичен е фактот. Кога ќе се обратите кај властите за помош. Проблемот се одолговлечува веќе десетина години. Со исти образложувања дека толку им дозволувал законот да дејствуваат. Меѓусебно префрлање на вина меѓу МВР и Пазарна Инспекција. Едните викаат ова не функционира другите ова дека не функционира итн. Немале Фонометар, на баждарење бил, Инспекторот бил на одмор итн. Најабсурдни се изјавите од службени лица кој викаат Градоначалникот Мерко наредил така. И дека ако имало побуни ќе се зголемела до два часот по полноќ оваа несакана и незаконска појава.
Друга апсурдна изјава од Службени Лица која ја слушам викаат ќе дојдела Пазарна инспекција и морало со затворени прозорци во мојот дом да било извршено мерењето. И со цел да бидам обесхрабрен во моите понатамошни обиди за барање правда. Ми е напоменато дека ќе бидам тужен за лажна изјава.
Од сите мој поплаки до сега само еднаш е исполнета законската рамка и музиката е намалена и исклучена во 00:30 после полноќ.
Денеска откако бев во МВР Струга на консултативен разговор. По некоја чудна случајност беше намален притисокот на водата и беше исклучена. Кое доведува и до партиска конотација на случајот не само националистичка.
Да не споменуваме фактите дека сум постојано заплашуван наблудуван обезхрабруван итн.
Сето оваа во тек на овие години. Овој метод на владеење. Ме носи до намалено психофизичко здравје. Почна со будење и неспиење па низ годините се зголеми до несоница, анксиозност, раздразнетост, силно срцебиење, зголемен крвен притисок и низа на други несакани и нездрави појави.
А додека нереагирањето и бавноста на системот шетањето по лавиринтите на законодавниот извршниот и политичкити систем ме доведува до длабока разочараност и депресија и недоверба во системот.
Јован Ѓорѓиевски
22.07.2022 Струга.