Ла Паз – Меѓуамериканската комисија за човекови права утрово објави дека уште четири луѓе се убиени во демонстрациите во Боливија.
Најмалку 23 смртни случаи се регистрирани од почетокот на кризата и протестите кон крајот на октомври.
Според податоците на Организацијата на американски држави, најмалку 122 лица се повредени во протестите заклучно со петокот.
Боливиската војска и полиција во петокот отвори оган врз приврзаниците на поранешниот претседател Ево Моралес во градот Сакаба.
Моралес на Твитер изјави дека се случил „масакр“ и ја опиша преодната влада на самопрогласената претседателка Џенин Ањес како диктатура.
ООН ја осудија „непотребната и непропорционална употреба на сила“ од полицијата и војската на Боливија.
Ево Моралес е во Мексико каде доби политички азил. Тој тврди дека во Боливија е извршен државен удар.