Свет

Судири на протестите во Барселона – повредени се 170 лица

 

Во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Каталонија се повредени најмалку 170 луѓе. Три лица беа уапсени. Среде протестите на каталонските сепаратисти, стотици патници беа приведени на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона, откако беа откажани 45 летови, соопштија официјални лица на аеродромите.

Најмалку 170 лица, меѓу кои и 40 полицајци, се повредени во судирите меѓу демонстрантите и членовите на полициските  единици на Меѓународниот аеродром Барселона и на други места во Каталонија.

Според каталонските власти, уапсени се три лица.

Ел Прат, вториот по големина аеродром во земјата, е големо место за протестирање, собирајќи илјадници луѓе во знак на протест против пресудата на официјалните претставници на Каталонија, кои организираа нелегален референдум за отцепување на таа шпанска покраина во 2017 година, пренесува Ројтерс .

Операторот на шпанскиот аеродром, АЕНА, објави дека повеќе од 1.000 летови нема да бидат нарушени со протестите, откако во понеделникот беа откажани 110 летови .

Конфликтите избија доцна во понеделникот, со активирани протести откако Врховниот суд во Мадрид осуди деветмина поранешни каталонски политичари и активисти на девет до 13 години затвор за нивната улога во неуспешното проглацување на независноста на Каталонија во 2017 година.

Тројцата преостанати обвинети беа прогласени за виновни само за непослушност и не добија затворски казни.

Поранешниот премиер на Каталонија, Ориол Занкера е осуден на 13 години затвор за бунт и злоупотреба на јавните средства.

Демонстрантите излегоа на улиците по повикот испратен преку социјалните мрежи од групата Демократски цунами, пренесува АП, додавајќи дека министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка рече дека групата е под истрага.

Related posts

Leave a Comment