Регион

Судир меѓу грчки и турски воен брод во Средоземното Море

SUDARILI SE GRČKI I TURSKI RATNI BROD U MEDITERANU! Oglasilo se grčko ministarstvo odbrane!

Грчки и турски воени бродови се судрија во источниот Медитеран, соопшти грчкото Министерство за одбрана, опишувајќи го настанот како „несреќа“.

Во текот на оваа недела, тензиите на релација Атина – Анкара пораснаа откако Турција испрати истражувачка компанија придружена со воени бродови со цел мапирање на делот од медитеранското дно, каде се верува дека се наоѓаат наоѓалишта на нафта и бензин.

И двете држави го бараат правото на тој дел од Медитеранот, така што за денеска е закажана средба на шефовите на дипломатијата на земјите членки на ЕУ.

Турски истражувачки конвој се движеше низ водите помеѓу Кипар и грчкиот остров Крит, а нивната навигација беше набљудувана и надгледувана од грчки воени бродови.

Во еден момент за време на маневарот, дошло до судир помеѓу грчки и турски воен брод.

„Тоа беше несреќа“, изјави грчки извор за Ројтерс .

Турција не го коментираше инцидентот во Медитеранот, но претседателот Реџеп Таип Ердоган се закани со одмазда против секој што ќе се осмели да нападне турски истражувачки брод.

Related posts

Leave a Comment