Овој народ, со кој што заедно живееме е див, беспримерно див. Затоа немаат идентитет и никогаш нема да го имаат…”, изјави реис Сулејман Реџепи, поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија за време на церемонијата на поставувањето на камен темелникот на џамијата во скопското село Арнакија. Церемонијата се одржала на 14 март, а на својот фејсбук-профил Реџепи го постави видеото пред два дена.
Тој во својот говор зборуваше за минатото на оваа џамија, кога, според него, еден македонски премиер од тоа време, со 60 килограми динамит ја урнал џамијата.
Во последно време со своите јавни настапи и постапки во ИВЗ реисот Реџепи како верски поглавар многу повеќе провоцира и предизвикува поделби.
Помала група на албански интелектуалци реагираат на ваквите негови постапки, но засега нема никакви реакции од партиите на Албанците во Македонија, а очигледно е дека сега треба да реагираат државните органи за ширење етничка омраза.
https://youtu.be/4TIpn88_GXU?fbclid=IwAR3QtZOFtIbVrn9pdiGTUPfHvSmXm2jIUxzgsn96bFjVjKwG6aFaH6kkDVg