Претседателот на македонскиот парламент Талат Џафери за албанскиот медиум Ботасот,изјави дека преговорите меѓу Белград и Приштина треба да се завршат со меѓусебно признавање на двете страни.
Тој наведе дека двете страни треба да дојдат до решение кое ќе ги задоволи и Белград и Приштина, а дека граѓаните на Косово треба да бидат тие кои што ќе ги дефинираат позициите за отворените прашања со Белград.
Останува нејасно дали ваквите изјави тој ги дава во негово лично име или овие негови ставови се усогласени со партиите кои го преставуваат парламентарното мнозиство во собранието на РМ.