Македонија

Татко и син убиени во Слупчане

Полицијата се уште трага по извршителот на грозоморното убиство во кое беа застрелани Елјам С. од Опае и неговиот малолетен син роден 2010-та година.

Според неофицијалните информации мета на убиецот бил 47 годишниот Елјам, но рафалите биле кобни и за малото дете кое било во возилото. Мотив за свирепата ликвидација е најверојатно нерасчистени лихварски сметки.

Истражните органи денеска информираа дека двојното убиство се случило во близина на кумановското село Слупчане, во возилото Опела астра било пукано најверојатно со автоматска пушка. Од огнострелните рани таткото и синот починале веднаш, информираа од кумановското обвинителство.

На увидот беше констатирано дека од близина е пукано во патничкото моторно возило во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осумгодишно дете. Двете лица биле смртно повредени и починале на лице место.

Синоќа во 22:40 минути дежурна патрола на полицијата во Матечје, наишла на паркирано возило во атарот на селото Слупчане, кај Слупчански бунар, а во возилото биле двете безживотни тела.

Related posts

Leave a Comment