Строго доверливите документи на Министерството за одбрана на Велика Британија, кои содржеле детали за разурнувачот „ХМС Дефендер“ и британската армија, наводно биле пронајдени на автобуската станица во англиската област Кент.
Еден дел од документот, во кој се споменува разурнувачот од типот 45 на Кралската морнарица, ХМС Дефендер, наведува дека мисијата, опишана од МО како „невин премин низ украинските територијални води“, со покриено оружје и хеликоптер стационирани во хангарот, била спроведена во очекување дека Русија може да одговори агресивно.
Друга страница открива планови за продолжување на военото присуство во Авганистан, и покрај повлекувањето на трупите на НАТО, пренесува Би-Би-Си.
Портпарол на Министерството за одбрана рече дека еден член на персоналот пријавил губење на класифицирани документи.
Владата започна истрага за инцидентот, пишуваат британските медиуми.
Новинарите на Би-Би-Си сметаат дека документите, кои имаат дури и презентација на „powerpoint“, доаѓаат од канцеларијата на висок функционер во Министерството за одбрана (МО).
Во документите кои се споменуваат разурнувачот на Кралската морнарица тип 45, ХМС Дефендер, се наведува дека мисијата, опишана од МО како „невин премин низ украинските територијални води“, со покриено оружје и бродски хеликоптер стациониран во хангарот, била спроведена во очекување Русија да одговори агресивно.
Да потсетиме, британскиот разурнувач, кој ја провоцираше Русија откако помина низ водите во близина на Крим, вчера вплови во грузиското пристаниште во градот Батуми.